Северна Кореја денеска го одбележува 101. роденден на нејзиниот починат основач Ким Ил Сунг, а во исто време светот со внимателност го следи настанот поради опасност Пјонгјанг да истрела ракета кон Јужна Кореја, Јапонија или кон некоја воена база на САД.
Разузнавачки извори на Јужна Кореја тврдат дека северниот сосед имал подготвено за лансирање две ракети со среден дострел.
Американскиот државен секретар Џон Кери предупреди дека таков потег на Пјонгјанг ќе биде огромна грешка. Тој, исто така истакна дека САД се подготвени да интервенираат за Северна Кореја да се откаже од нуклеарно оружје, но и вети дека Вашингтон ќе ги заштити своите сојузници во Азија од какви било провокативни акти од страна на Северна Кореја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса
-
Северна Кореја се подготвува да лансира разузнавачки сателит


