| четврток, 6 декември 2018 |

Словачка ќе испрати полицајци во Македонија

фицо

Словачка ќе испрати 25 полицајци, кои ќе и помагаат на Македонија да ја обезбедува границата во ситуацијата на засилен проток на мигранти кон Европската унија, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.

– Словачката Влада, која идната недела ќе го одобри испраќањето на полициски службеници во Македонија од февруари, веројатно ќе ја продолжи и мисијата од 20 лица во Словенија – истакна Фицо.

Словачка  веќе испрати 50 полициски службеници во Унгарија.

– Ние сме подготвени да им помогнеме на други земји на билатерално ниво или како дел од меѓународната соработка – рече Фицо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top