| четврток, 6 декември 2018 |

Дизајн-базар во „Јавна соба“

Дизајн-центарот „Јавна соба“ најавува прва голема распородажба на дизајнирани производи со сто отсто македонски предзнак, која ќе се реализира на 9 и на 10 јануари од 10 до 21часот.

4b2db68a-cfac-467e-b5bd-df7b98999f1d

Првпат мебел, облека, накит, додатоци и други производи од младите македонски брендови се продаваат по мошне поволни цени. Младите дизајнери одобруваат голем колективен попуст на своите редовни цени со што се очекува да го привлечат вниманието на домашните купувачи, особено оние што се свесни за значењето на македонските производи и оние купувачи што се презаситени од светските комерцијални брендови. А и време е да почнеме да го цениме повеќе домашниот производ, бидејќи е за наше општо добро.

– Ова е голем подвиг за целиот македонски сектор за дизајн! За прв пат во една организирана структура истапуваме на домашниот пазар, доделуваме огромни попусти, сѐ со цел го доближиме македонскиот асортиман до македонските купувачи. За прв пат се одобрува голем колективен попуст на целиот асортиман. Ова е одличен модел на здружување и знак дека активните дизајн брендови можат истиот рецепт да го применат и на странските пазари – вели Тамара Георгиевска од компанијата „ Ви анд нејчр“.

Концептуалната продавница во состав на дизајн-центарот „Јавна соба“ од ноември 2015 ги застапува македонските брендови за дизајн и ги промовира активно во земјата и надвор. Во состав на Дизајн-базарот се органзирани и работилници за деца, музички настапи како и изненадувања за публиката. Влезот е слободен, а целодневното уживање е загарантирано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top