| четврток, 6 декември 2018 |

Осум најдобри града за пазарување

Некои од најубавите продавници на светот во себе кријат и повеќе од мода – некои се едноставно познати по својата архитектура и елементите на ентериерот. Кои се најдобрите градови за пазарување во светот?

prva-1

1. Сингапур

Ова е град-држава каде што пазарувањето е национално хоби. Се секоја вистинска шопингхоличарка оваа луксузна азијска дестинација е сон. Нивната главна стоковна куќа „Марина Беј Сандс“ има преку милион квадратни метри и преку 300 дуќани, вклучувајќи ги тука и луксузните бутици на Ралф Лорен, Шанел, Картие и Прада.

druga-1

2. Стокхолм

Стокхолм е дом на неколку познати марки и неколку светски познати блогерки. Историската „Ватерлангатен“ е главната улица која што е преполна со дуќани, мали кафулиња и прекрасна архитектура која датира уште од 16. век.

3. Токио

treca-1

Овој енергичен град е познат по својот единствен микс од интересни дизајнерски дуќани, оргромни трговски центри и модни бутици во популарниот кварт Шињук. Тука се наоѓа КИТЕ зграда на шест ката која има неверојатен ентериер со градина на врвот од зградата. Има повеќе од 100 бутици и ресторани посветени на јапонската естетика и кујна.

4. Милано

cetvrta-1

Како домаќин на една од најголемите модни недели во светот Милано живее и диши со модата. Ако сте љубител на дизајнерска мода, Милано е ваш прв избор. Сите најпознати италијански дизајнери се во Милано – Версаче, Арамни, Мисони. Галеријата Виторио Емануеле II нуди најголемо шопинг искуство кое може да го посакате, а воедно е едно од најстарите трговски центри во светот.

5. Дубаи

peta-1

Вистина е, нема таква шопинг дестинација на светот каква што е Дуббаи. Тоа е домот на еден од најголемите шопинг-центри во светот, „Дубаи мол“, кој има повеќе од 1.200 продавници меѓу кои и 160 продавници за храна и пијалок. Овде се наоѓа најголемата продавница за чевли во светот, „Левел шу дистрикт“, каде што дневно се продаваат по 600 пара чевли.

6. Париз

sesta-1

Не може да ја направиме оваа листа без Париз. Со магичните продавници како „Галери Лафајет“ и „Принтемп“ ова е град во кој ќе сакате да се загубите. И додека шопингот во „Принтемп“ е како од соништата, како едно посебно искуство треба да се доживее пазарувањето во квартот „Л Марез“ – прва станица на љубителите на уникатни парчиња, антиквитети и уметност.

7. Москва

sedma

Москва може да ви се чини како изненадување, но главниот град на Русија е популарна шопинг-дестинација благодарејќи на некои ѕвезди на уличниот стил кои го промовираат градот. Од висока мода па се до советската винтаџ мода, жените во Москва сакаат мода и докторирале на отсекот уметност на елеганцијата.

8. Њујорк

osma

Њујорк е последен на оваа листа бидејќи е еден од најсаканите светски шопинг дестинации. Ако навистина сакате да пазарувате како Кери Бредшо, тогаш е време да го посетите Големото Јаболко. Во Сохо може да ги најдете сите комерцијални брендови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top