| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: Заострувањето на контролата на оружјето е во согласност со американскиот Устав

obama
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека е уверен дека неговите нови извршни наредби, со кои се заоструваат постојните прописи за оружје, се со согласност со уставното право на Американците за носење оружје, јавија британските медиуми. Обама изјави дека оваа инцијатива ќе биде регулирана во следните неколку дена, пренесува Танјуг.
Обраќајќи им се на новинарите во Овалниот кабинет, Обама рече дека овие мерки нема да го решат секое криминално дело, ниту ќе ги спречат масовните убиства во САД, но потенцијално ќе спасат животи. Со овие мерки Обама се обидува да го заобиколи Конгресот во кој мнозинството го сочинуваат републиканците и кои претходно ги блокираа неговите напори да за заостри контролата врз оружјето.
Обама ги обвинува републиканците и некои демократи дека зад нив стои моќното лоби на индустријата за оружје, што им се спротивставува на овие мерки, за кои тој вели дека ги поддржуваат мноизнството Американци.
Американскиот претседател, кој влезе во последната година од својот мандат, планира да ја прошири контролата на продажбата на оружје со тоа што ќе ги принуди продавачите во поголем број да се регистрираат како продавачи со федерална дозвола за продажба на оружје. Тоа пред се се однесува на нерегистрираните продавачи кои оружјето го продаваат на саеми, неформални собири и онлајн, како и на купувањето оружје преку посредници. Другите мерки опфаќаат подобро информирање за изгубено или украдено оружје, како и засилување на инспекцијата на продажбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top