| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев со гол, Наполи со вреден бод против Милан (видео)

Наполи ја задржа предноста од четири бода пред главниот конкурент за второто место на табелата, Милан, по ремито, 1-1, на „Сан сиро“. Матје Фламини го отвори резултатот во 30. минута, а само 180 секунди подоцна мрежата на домаќинот ја затресе капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев. Тој беше одлично проигран од Хамшик и лесно го матираше голманот на Милан, Абијати. Тоа е 75. гол за Наполи на гостувањата на „Сан сиро“. Пандев играше до 68. минута кога беше заменет.

Екипата за која игра Пандев, сепак, не успеа да победи во Милано против вечерашниот противник, за првпат по 27 години пауза, иако имаше можност да атакува на трите бода, по исклучувањето на Фламини. И со играч повеќе гостите не сакаа да ризикуваат, доволен им беше еден бод за да ја задржат предноста од 4 бода во однос на Милан, во битката за второто место, кое гарантира настап во Лигата на шампионите. Наполи е многу блиску до целта на 6 кола до крајот.


szólj hozzá: Milan vs Napoli 1:1 GOALS HIGHLIGHTS

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top