| четврток, 6 декември 2018 |

Снежен хороскоп

Се радувате или воопшто не уживате во снегот? Попрво ќе останете дома на топло или ќе го соберете друштвото да се мавате со снег?

snegulka

Овен
Бидејќи сака акција, кога паѓа снег нема да дреме пред компјутер и да пишува статуси на „Фејсбук“ од типот – „Паѓа снег“ и „Ова е погледот од мојот прозор“, туку на првиот снег ќе излезе надвор и ќе ужива во мавање со снежни топки. Овенот ужива во животот, независно од временските услови.

Бик
Бикот е хедониста, но само кога е на топло и сигурно. Во снегот ужива само покрај камин, топло чоколадо и филм. Не се обидувајте да го изнесете надвор, џабе ќе губите време.

Близнаци
Близнаците се прилагодливи – подеднакво уживаат и во сончање и во снег. Нема први да иницираат романтична прошетка и уживање во снежната магија, но секако ќе ја прифатат вашата покана.

Рак
Ужива во фамилијарните дружби на снег. Овој емотивец го обожава зимскиот период кој го прави среќен и исполнет.

Лав
Уште од септември прави планови за скијање. Ужива во фенси дестинации, скијање и бордање. Сака да се докажува и натпреварува, па ова годишно време ќе го искористи за тоа.

Девица
Девиците се прилично озбилни и нема да доживеат никаква возбуда заради снегот. Кај децата може и да помине, но уживањето во зимските доживувања за возрасните е банално.

Вага
Вагата подготвено го дочекува првиот снег – чизми, зимски гуми, топла капа и шал- се е тука. Секогаш организирана и ова го дочекува подготвена. Сака прошетки, чист воздух и варено вино.

Скорпија
Скорпијата сака се што е врзано за зима и зимски спортови. Бидејќи има изразен спортски дух и желба за победување, одлична е во лизгање и скијање и едвај ќе дочека да се докаже.

Стрелец
Стрелецот е вечно дете и авантуриста, така што едвај ќе дочека да излезе на снегот со друштвото. Никој не ужива повеќе од него во глетката од 15 возрасни кои се глупираат на снегот.

Јарец
Чудно е што како типичен зимски знак, Јарцот воопшто не ужива во било што што има врска со зимата. Ја толерира, но нема да ужива во зимските благодети. Попрво си се замислува себе си на некој топол остров и го планира летувањето.

Водолија
Ќе падне во екстаза штом види снег и ќе го испланира целиот викенд, но од тие планови нема ништо да се оствари затоа што на крај пак ќе остане пред телевизор гледајќи ги омилените серии.

Риби
Ужива во глетката, но не излегува ако не мора. Ќе се смести покрај прозорот и со часови ќе го посматра снегот, но ќе ужива во топол дом без желба да излезе да ужива во белината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top