| четврток, 6 декември 2018 |

Судир на три возила кај Фариш, повредени неколкумина

Вчера околу 14.20 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп, во близина на крстосницата за село Фариш, се случила сообраќајна незгода во која учествувале три возила.

До судир дошло меѓу „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Т. (35) од село Долно-Дупени-Ресен, „фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(25) од село Лисалај-Битола и „лада“ со прилепски регистерски ознаки, управувано од С.Д.(23) од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Д.Т.А.(33) од Штип, сопатничката од „пежо“, која е пренесена во Ургентниот центар во Скопје, додека со телесни повреди завршиле возачот на истото „пежо“ и сопатниците од возилото „фиат“ – Ж.Т.(49) и двајца малолетници, сите од Битола.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Кавадарци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top