| четврток, 6 декември 2018 |

Снег, дожд, пораст, па пад на температурата – какво време нè очекува неделава

Sneg vo Mavrovo vo April (4) (Custom)

Во оваа „исцепкана“ прва работна недела очекуваме облачно време, со повремени врнежи, но и со тенденција на пораст на температурата. Нов, брз бран на врнежи, очекуваме во ноќта во понеделник кон вторник. Toj ќе донесе дожд на пониските места, а на повисоките населени места дожд со снег. Планините очекуваат само снег врнежи – објави „Метеопро“.

Во вторник преку ден ќе биде облачно. Нови врнежи се очекуваат во вечерните часови, но ќе бидат локални и позастапени во крајните источни и крајните западни делови од земјата. Снежната граница ќе биде на висина од околу 1.800 метри.

Среда ќе биде облачна и ветровита. Ќе дува претежно умерен југоисточен ветер, особено долж повардарието. Врнежи може да се очекуваат во текот на вечерта и ноќта, пред сè, во западниот дел од земјата. Тие би биле претежно од дожд.

Четврток носи нова премена. Ветерот ќе го смени правецот во северен. Врнежи очекуваме во текот на овој ден, но повеќе во северната половина од земјата. На повисоките места се враќа снегот поради падот на температурата, кој се очекува в четврток.

В петок, умерено облачно време. Повремени, но слаби врнежи од снег се очекуваат на планините во западниот регион.

Во однос на температурата, очекуваме нејзин пораст, заклучно со среда. Четврток носи нов пад на температурата, во северниот регион за околу 3 три степени, а на југ за околу два степена. Петок ќе има слична дневна максимална темпратура како и четврток.
Повеќе на „Метеопро“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top