Европа наскоро ќе се соочи со „вистинско мигрантско цунами“, изјави поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус.
– Некои во Европа мислат дека мигрантскиот бран помина. Но, тој туку што почнува. Сега доаѓа вистинското цунами, рекол Клаус.
Според неговите зборови, мигрантскиот бран не може да биде сопрен во центарот на Европа, така да тоа треба да се реши на надворешните граници. Клаус смета дека Чешка на крај ќе прифати систем на квоти за прераспределба на бегалци кој го предлага Европската комисија. ТИе квоти сепак нема да ја решат мигрантската криза, наведува Клаус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти