| четврток, 6 декември 2018 |

На годишнината од крвавиот напад, Шарли Ебдо со уште една провокативна насловна

sarli ebdo

На првата годишнина од крвавиот напад на редакцијата на сатиричниот весник „Шарли Ебдо“, редакцијата подготвила посебно издание во кое на насловната страница ќе стават брадест Бог во крвава облека со калашников во раце со наслов „Година дена подоцна, убијците и понатаму шетаат“.

Бројот ќе биде испечатен во тираж од околу милион примероци, од кои десетина илјади ќе бидат испратени во странство.

Во тој број ќе биде додаден прилог од цртежи на убиените карикатуристи.Главниот уредник на неделникот, кој беше тешко ранет на 7 јануари 2015 година, напишал вовед во кој ги критикува фанатиците и оние што му посакуваа смрт на весникот кој се „осмелува да се исмева со верите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top