| четврток, 6 декември 2018 |

Возач се изврте кај Пресека и предизвика шест километарска колона

Иако на планинскиот превој Пресека има забрана за движење на тешки товарни возила, сепак еден возач не ги почитувал препораките и се извртел со шлепер, по што го блокираше патот и предизвика шест километарска колона.

preseka

Според последните информации, благодарение на брзата реакција на надлежните шлеперот е отстранет од коловозот и сообраќајот продолжил да се одвива во зимски услови.  Екипи на „Македонија пат“ постојано се на терен и интервенираат во надминување на застојот на патиштата.

На планинскиот премин Стража и на патниот правец крак Маврово – Маврово, поради врнежи од снег, попладнево од 15 часот превентивно е воведена забрана за движење тешки товарни возила, а од 18 часот задолжителна е зимска опрема за овој вид возила на патниот правец Делчево – граничен премин Делчево.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top