Во сега веќе далечната 2000-та година, американската разузнавачка агенција ЦИА собрала група експерти надвор од своите кругови и им дала задача да фрлат поглед кон иднината и да предвидат како 2015 година може да изгледа од тогашната перспектива.
Тие предвидувања се собрани на извештај од 70 страници и со нив е покриено се, од развојот на технологијата до падот на растот и падот на цените на нафтата, демографските промени на глобално ниво и судбината на глобалната економија.
Интернет револуција – точно
Експертите на ЦИА точно ја предвиделе експлозијата на дигиталната и мобилната технологија, која го промени нашиот поглед на светот. Тие предвиделе дека информациската технолошка револуцијата ќе има и политички последици, а пример за тоа е интернет опозицијата на авторитарните режими на Блискиот исток, т.е. движењето Арапска пролет. Отворени се некои нови патишта за судир на нациите, но не на отворено бојно поле, туку во негова дигитална верзија. Примери за тоа се сајбер нападите на Кина и Русија на САД, како и користењето од страна на САД на вирусот Stuxnet во саботажа на иранската нуклеарна програма.
Биотехнички „бум‟ – половина точно
Во ЦИА биле оптимистички настроени кон учениците на биотехнологија и предвиделе зачестеност од профилирање на посебни гени и трансплантација на вештачки настанати органи. Предвиделе клонирање на животни за производство на месо, но не заборавиле на терористите и предвиделе дека тие би можеле да произведат нови опасни вируси и бактерии.
Исто така предвиделе дека супер богатите со помош на технологијата би можеле да живеат подолго, но дел од наведеното и ден денес изгледа само како попис на убави желби, бидејќи не постои третман за продолжување на животот на супер богати постари луѓе.
ЦИА била во право во две предвидувања тука, падот на цената на геномиката и обидот да се секвенционира ДНК на голем број корисници на здравствено осигурување во некои држави во светот, со цел за зголемување на борбата против ракот.
Биле во право и околу генетски модифицираните посеви кои ги прошириле глобално.
Подем на Русија – погрешно
ЦИА предвидела дека рускиот отпор на „новиот американски век‟ најверојатно ќе резултира со слаба Русија, која пред се би била поврзана со меѓународната дипломатија и тоа по пат на свое право на вето во Советот на безбедност на ОН.
Рускиот претседател Владимир Путин се погрижи тие предвидувања да изгледаат целосно промашено. Русија е засилена и стана глобален играч, со мрежа на влијание од Грција до Сирија.
Наместо предвидените 2500 нуклеарни боеви глави, Русија моментално ги има над 8000. Многу „слабо‟.
ЦИА промашила и во предвидувањата за обединувањето на двете Кореи, а неуспешно ја предвиделе и смртта на кубанскиот легендарен лидер Фидел Кастро, кој не им го пружи тоа задоволство.
Глобална популација – половина точно
Во извештајот точно се предвидело дека светската популација ќе порасне над седум милијарди и дека нејзиниот раст ќе биде успорен или дури во опаѓање во Русија и источна Европа. Така денес во Русија има помалку население од 2000 година.
Но, ЦИА погрешила околу лошата среќа во Африка. Наместо падот на популацијата поради епидемијата од AIDS, популацијата на субсахарските земји се зголеми, а нивните економии пркосат на сите предвидувања.
Демографска криза на Западот – точно
ЦИА точно предвидела дека стареењето на населението во развиените земји на Западот ќе предизвика бавна криза; од пад на бројот на работниците наспроти пензионерите, до увоз на работна сила и проблеми од миграциите на населението.
Финансиска криза – погрешно
Во извештајот е предвидено високо ниво на стопански раст, но тоа било точно само до одредена граница. Всушност се до глобалниот финансиски слом во 2008 година, тоа уште се држело на вода, но по таа криза и падот на глобалната економија, се јавуваат дебати околу ограничувањето и мудроста на капитализмот како економски систем.
Целосно погрешно е предвиден и растот на ЕУ, за кој ЦИА предвидела дека до 2015 година ќе биде богата, мирна и дека ќе ги усовршува последните компоненти на својот процес на интеграција.
Меѓународен тероризам – половина точно
Стравувањето на ЦИА за се пософистицираните и убиствените терористички напади, станал евидентен на 11 септември 2001 година. Но, во ЦИА не можеле да замислат до која мера тероризмот ќе ја дефинира глобалната надворешна политика на Западот во следните 10 години.
ЦИА предвидела експлоатација на глобализмот од страна на криминални организации, бунтовнички групи и нарко картели, кои би се здружувале во големи мрежи, насочени против Западот.
Во реалноста, нештата се можеби и полоши, бидејќи терористичката организација на т.н. Исламска држава, поттикнува терористички напади во светот, а се финансира од цела лепеза на криминални активности.
ИСИС користи хемиско оружје украдено од сирискиот режим, а произведува и сопствени т.н. „валкани бомби‟ и работи на изработка на сопствено хемиско оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.