| четврток, 6 декември 2018 |

Фотограф загина во Њујорк при пад од 52. кат, сакал да ја „фати“ панорамата на градот

Млад американски фотограф загина откако падна од висококатница во Њујорк.

Фотографот Конор Камингс (24) се качил на 52. кат од познатиот њујоршки хотел „Фор Сизнс“, за да ја фотографира панорамата на градот, но при тоа се лизнал и загинал.

Камингс се качил на зградата заедно со пријателот Димитриј Оливарес.

По несреќата Оливарес го фатила паника и побегнал од местото, но додека се оддалечувал со такси, се предомислил и ги повикал полицијата и мајката на фотографот.

По сослушувањето полицијата го ослободила, бидејќи било јасно дека станува збор за несреќен случај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top