На првиот снег и први паѓања по скопските улици. Попладне екипи на Брза Помош интервенирале кај неколку случаи каде граѓаните за среќа поминале без скршеници. Имале и повик за сообраќајки за кои причина биле временските услови. За да не дојде до посериозни последици, лекарите со апел и до возачите и до пешаците.
–Мора да внимаваат оние кои возат, да не брзаат, да не пијат алкохол..хронично болните ако нема потреба да не излегуваат без причина надвор. Постои опасност да имаме скршеници и фрактури и затоа мора да се внимава, вели Василаки Карабашев од Брза Помош.
Покрај лизгавите улици, променливите временски услови лошо влијаат и на пациенти со кардиоваскуларни заболувања и астма. Лекарите велат на ладното срцето работи забрзано, а крвниот притисок постојано варира.
–Влијае на сите особено на хронично болните и затоа мора редовно да ја земаат терапијата, балансирана исхрана и да ги слушаат советите од матичните, вели Карабашев.
За 5 часа екипите на Брза Помош имале 38 интервенции. Велат дека се подготвени а доколку снегот направи проблеми, ќе го активираат и теренскиот џип за пристап до планинските села. Оние кои мислат дека не им треба Брза Помош, совет бараат на Ало докторе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.