| четврток, 6 декември 2018 |

ИД употребила хемиско оружје против Курдите во Ирак?!

terorist-isis.jpg6_

Терористичката групација Исламска држава употребила хемиско оружје против Курдите во Ирак, пишува денеска британскиот весник „Сандеј тајмс“, повикувајќи се на видеоснимка, снимена пред околу два месец покрај градот Махмур во провинцијата Ербил.

Снимките покажуваат дека при минофрлачки напад врз милициите пешмерга биле исфрлани огромни облаци бел и светлокафен гас.

– Од почетокот се слуша дека борците кои се наоѓаат на околу сто јарди од местото на експлозијата (нешто над 90 метри) почнуваат да си разменуваат шеги. Но откако кон местото ќе се насочат пушките тие веднаш се оддалечуваат, пишува весникот.

„Сандеј тајмс“ тврди дека до материјалот дошол Ален Данкан, британски доброволец, ветеран од војната во Персискиот Залив, кој ја напуштил работата во Шкотска и заминал за Ирак, за да им помага на Курдите во борбата против ИД.

Според него по тој хемиски напад 20 борци од милициите пешмерга биле сместени во болница со сериозни оштетувања на градниот кош и белите дробови.

Данкан не ја исклучува можноста оружјето, употребено од ИД против Курдите да било наполнето со амонијак во специјална фабрика за производство на хемиско оружје, отворена од терористите во сирискит град Рака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top