| четврток, 6 декември 2018 |

Интер се повеќе тоне

Интер претрпе нов пораз во Серија А, а овојпат подобар од италијанскиот гигант беше Калјари. Тоа е единствениот тим што денеска ја имаше предноста на домашен терен и победи. Падна големиот Интер, по двата гола на Пиниља во второто полувреме.

Во дербито на Џенова, истоимениот прволигаш и Сампдорија, ремизираа со по еден гол во двете мрежи, во дуел што вообичаено мина со многу остри стартови, прекини, кавги и тензична атмосфера. Сампдорија поведе во првото полувреме, а Џенова израмни во продолжението од мечот, откако беше исклучен еден играч на Сампдорија.

Нерешено заврши и мечот меѓу Киево и Катанија, но тука мрежите мируваа.

Победи на гостински терен забележаа Рома и Удинезе. Освалдо и Ламела со по еден гол и донесоа многу важна победа на „волчицата“ од Рим против Торино. Сега тие се пред Интер во битката за пласман во еврокуповите. Гостите во последните десетина минути играа со фудбалер помалку, по исклучувањето на Балцарети, но го издржаа притисокот и го освоија целиот плен.

Удинезе, попладнево беше најуверлив и ја декласира домашната Парма со 3-0. Муриел на двапати и Переира еднаш ја затресоа мрежата на Миранте, за сигурни три бода. Вечерва во дербито на 32. рунда Милан го пречекува Наполи, а утре се игра уште едно дерби, меѓу Лацио и Јувентус.

 

Резултати: Калјари – Интер 2-0, Џенова – Сампдорија 1-1, Торино – Рома 1-2, Киево – Катанија 0-0, Парма – Удинезе 0-3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top