| четврток, 6 декември 2018 |

Шумахер не распознава ништо околу себе

Mihael-Šumaher1
Седумкратниот светски шампион во Формула 1 Михаил Шумахер пред две години имаше тешка несреќа, додека скијаше на француските Алпи, во одморалиштето Мерибел. Тој помина половина година во кома, и претрпи неколку сложени мозочни операции. Од тогаш досега, шампионот се наоѓа во тешка состојба.

Ден пред 47-от роденден на седумкратниот светски шампион во Формула 1 Михаил Шумахер милионите фанови на Германецот успеаа да добијат ретка, но веродостојна информација за состојбата на пилотот.

Весникот Giornale информира дека технички гледано Михаел е буден, што значи дека очите му се отворени, но сепак не распознава ништо околу себе.

Неговото семејство го ставило пред телевизорот за време на трка од Формула 1, но и тоа не успеа да го натера да изреагира “, напиша весникот, кој важи за исклучително авторитетен и сигурен извор на вести од Формула 1.

Михаел Шумахер без сомнение беше еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1. Тој е седумкратен светски шампион, единствен со таков резултат, а сопственик е на уште неколку индивидуални рекорди (најмногу победи, најмногу извозенио најбрзи кругови, најмногу пол позиции).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top