| четврток, 6 декември 2018 |

Станете супер домаќинка: едноставна рецепта за сарми по кои ќе ве паметат

Новогодишните и божиќните празници не можат да се замислат без вкусни сарми, а ако досега не сте ги направиле, овој рецепт кој ќе ве увери дека навистина не е тешко да се направат.

ednostaven-recept-za-najvkusni-sarmi-kafepauza.mk_

Потребни состојки:
  • 1 кисела зелка
  • 800 грама мелено говедско месо или мешано мелено месо (за 12 сарми)
  • 50 грама ориз
  • 1 главица кромид, ситно исечкан
  • 100 до 150 грама свински врат или сланина
  • Сол
  • Бибер
  • Црвен пипер
  • 1 јајце
Начин на подготовка:

Во еден сад со топла вода ставете ги месото и оризот. Добро измешајте ја смесата, а потоа додајте го кромидот, јајцето и зачините. Одвојте 12 листови од зелката и секој наполнете го со смесата и добро замотајте. Остатокот од зелката исечете го на ленти.

Во големо тенџере, на дното, наредете од исечените парчиња зелка, а потоа додајте од исечканото суво месо, па наместете ги сармите и остатокот од зелката. Сармите можете да ги наредите во повеќе редови, во зависност од висината на тенџерето, како и нивниот број. Налејте вода за да бидат покриени сите состојки и гответе околу два часа. По потреба долевајте вода, а сармите нека се готват на тивок оган. Не мешајте ги бидејќи може да се растурат, само повремено протресете го тенџерето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top