Од денеска редовните студенти на државните универзитети ќе можат бесплатно да го користат јавниот автобуски превоз во Скопје и останатите градови каде што го има. Мерката, која премиерот Груевски неодамна ја најави е воведена со цел да се зголеми мобилноста на младите. Од први јануари 2016 пензионерите ги чека зголемување на пензиите.
– Сите редовни студенти од државните универзитети ќе можат да користат бесплатен јавен градски превоз секој ден во неделата, на сите линии. Со оваа мерка е предвидено на сите редовни студенти од државните универзитети да им се доделат картички од ЈСП Скопје и другите јавни претпријатија во градовите каде што има јавен автобуски превоз, со цел да можат бесплатно да ја користат услугата на јавните сообраќајни претпријатија. Владата со цел да се имплементира оваа мерка ќе исплаќа трансфери на средства кон соодветните единици на локална самоуправа, истакна Груевски во декември минатата година.
Вториот најавен проект е наменет за средношколците. Од денеска секоја среда ќе можат бесплатно да ја користат железницата, жичарницата до Водно и бесплатно да посетуваат културни установи во земјата.
– Преку овој проект наречен „Средношколска среда“ секоја среда на сите средношколци, ќе им се овозможи бесплатен превоз на жичарницата на Водно и со железничкиот сообраќај во Република Македонија, како и бесплатни билети за театрите, музеите и кината во државата, истакна премиерот во таа прилика.
Поволностите за студентите и средношколците премиерот ги најави како дел од поширока палета од 100 мерки и проекти за младите и за образованието кои ќе се објават во следнит период.
Од новите владини мерки, годинава и пензионерите ќе може да очекуваатново зголемување на пензиите како и на социјалната помош за пет отсто. Тоа го најави вчера премиерот Никола Груевски во новогодишното обраќање.
Како што рече Груевски, во 2016-та треба да почне и изградбата на нови државни пензионерски домови за пензионери со пониски пензии, како и нови градинки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Студентите три дена кампуваат пред „Стив Наумов“ и Кузман: Списоци има, домовите неспремни за вселување (галерија)
-
Одбележани 67 години од убиството на петтемина струмички студенти
-
Пред суспензија 100 косовски полицајци, покрај платата земале и инвалидски пензии како борци на ОВК
-
Концерт на Македонската филхармонија и студенти од ФМУ