Министерот за здравство Никола Тодоров и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски ја посетија Клиниката за гинекологија каде вчера се родија првите три бебиња во новата 2016 година.
Хана, Христијан и Наум се трите рожби во првата минута од новата 2016, велат тие, означуваат дека оваа година ќе биде бериќетна.
Мајките и бебињата се во одлична состојба, а од министерот и градоначалникот покрај честитките добија и подароци.
-Сакам да честитам на родителите за приновата. Особено на првата мајка бидејќи близначињата и се први дечиња, но и на втората мајка која го роди третото дете – рече Тодоров.
Две машки и едно женско бебе се првите родени бебиња во оваа година на територијата на градот Скопје.
-Сакам на мајките на новородените дечиња и на нивните семејства да и честитам за приновата. Ова покажува дека годинава ќе ни биде бериќетна , со тоа што во првите секунди од новата година имаме три принови и се надеваме дека оваа година ќе има повеќе новородени дечиња, порача Трајановски.
Градот Скопје како секоја година на новороденчињата им додели книшка од 120.000 денари.
-Како и секај година така и оваа, клиниката за гинекологија беше највеселото место во државата и на свет дојдоа три новороденчиња. Едно новороденче кај треторотка и две новороденчиња кај трудница со ин витро фертилизација – рече директорката Марија Хаџи Лега.
Машкото бебе е тешко 3 килограми и 700 грама и долго 52 сантиметри од мајка Јована Андоновска Буриловска, родена 1978 година од Скопје, општина Карпош, додека другата родилка е Александра Андонова родена 1982 година која родила близнаци и тоа женско кое е тешко 2 килограми и 290 грама и долго 47 сантиметри, а другото машко тешко 2 килограми и 250 грама и долго 48 сантиметри.
Во 2015 година се извршени околу 6.000 породувања, при што имало 200 повеќе машки новороденчиња, отколку женски.
Тодоров, Трајановски и Хаџилега на сите граѓани на Република Македонија им ја честитаа новата година и им посакаа многу здравје, среќа и бериќет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст