| четврток, 6 декември 2018 |

Од денеска на планетата има 7,3 милијарди луѓе

Населението на Земјата на 1 јануари 2016 година ќе изнесува речиси 7,3 милијарди лица, соопшти Бирото за попис на населението на САД.

Прогнозираниот број на населението на планетата на 1 јануари ќе биде 7.295,889,256 лица, односно населението за една година се зголемило за 78 милиони лица или 1,08 отсто..

Во САД населението во почетокот на новата година ќе биде 322.762,000 луѓе, или за една година се зголемило за 2,47 милиони, односно  0,77%. Од последниот попис, во 2010 година бројот на жителите на САД се зголемил за околу 14 милиони луѓе.

Во светот, најголема популација има Кина (1.367 милијарди лица), потоа следи Индија (1,252 милијарди лица) и САД. По нив се Индонезија, Бразил, Пакистан, Нигерија, Бангладеш, Русија и Јапонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top