Премиерот Никола Груевски во новогодишното обраќање се надоврза на економијата. Потсети на ветувањето за бројот на странски инвестиции за 2015 година, број што беше надминат, а во предвечерието на 2016 година најавува најмалку 35 нови инвестиции.
– На крајот на 2014 година ветив дека во 2015 година ќе има најмалку 25 нови компании, кои ќе објават одлука за инвестирање во Македонија, што се оствари и се надмина, и тој број изнесува 30 компании што решиле да инвестираат и јавно ги објавија одлуките. Сега можам да ветам дека во 2016 година, најмалку 35 нови компании, ќе донесат одлуки за инвестирање, и ќе ги објават. Ова го кажувам на претходно направена анализа, од преговорите што ги имаме во понапредна фаза на преговори со голем број компании од многу земји.
Американската „Делфај“ реши да инвестира во зоната во Скопје и да вработи 500 луѓе. По успехот во Штип, „Џонсон контролс“ објави дека отвора нов капацитет во Струмица, кој ќе отвори 1.500 нови работни места. И германски „Костал“ официјално почна со инвестицијата од 50 милиони евра и со првите од 1.000 вработувања што треба да ги оствари. Американската „Ки сејфти системс“ почна со градба на својот објект во Кичево, а треба да ја заврши градбата до јуни 2016 година. Почна со работа и италијанската „Дијатек макдија“, со која треба да се вработат 200 луѓе. „Техникал текстајл“ во Штип ја изгради фабриката во која треба да се вработат вкупно 1.000 луѓе.
„Технохозе“ ја реализираше својата втора инвестиција во зоната во Скопје каде што ги почна вработувањата, а „Гентерм“ е во напредна фаза на градба на својата фабрика во Прилеп. Со план за нови 3.000 работни места во Тетово е инвестицијата од 15 милиони евра на американската корпорација „Леар“. Германски „Маркард“ ја заврши инвестицијата во Велес вредна 35 милиони евра, во новиот капацитет ќе се вработат 600 луѓе, а планираат и проширување на капацитетите. Холандската компанија „Антура“ го отвори својот нов капацитет во Кочани, со план за 300 вработувања. Германски „Акомпласт“ објави дека во јануари почнува изградба на фабриката, а почеток на производството се очекува во април-мај 2016 година. Американски „Капкон“ во Скопје ја отвори новата фабрика за инфлатори за воздушни перничиња со која ќе бидат отворени вкупно 400 работни места. Во привремениот објект почна со работа втората фабрика на „Амфенол“ во Кочани, со што се вработија 650 лица, а по финширањето на инвестициските дивизии нивната намера е да дојдат до 3.500 вработувања. Италијански „Кондево“ инвестира околу 30 милиони евра и гради објект што треба да вработи повеќе од 280 невработени, а истовремено се гради и новата фабрика на германската компанија „ОДВ електрик“, која ќе се изгради до јуни 2016 година, и ќе се вработи 1.000 невработени од Охрид и од Струга. Се потпиша и договорот со „Монтанте груп“ од Италија, со кој ќе се вработат 400 лица.
Истовремено, за првпат две домашни компании снабдувачи на познати светски марки објавија дека ќе инвестираат во Технолошко-индустриските развојни зони. Тоа е компанијата „Хај тек“ и компанијата „ТТ плус“, кои заедно треба да вработат 500 невработени лица. Судејќи по тоа со колку компании сме во финална фаза на преговори, очекувам уште поголем број нови фабрики во 2016 година, кои ќе отворат нови работни места – посочи премиерот Никола Груевски во новогодишното обраќање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


