
Нови инвестиции во образованието најави премиерот Никола Груевски во своето новогодишно обраќање до граѓаните. Тој потсети дека во тек е реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“, а посочи дека во 2016 година ќе почне градбата на уште два во Скопје и еден во Тетово.
– Почна со работа филмската школа во Охрид, во соработка на престижната чешка школа ФАМУ и штипскиот универзитет. Почна и градбата на објекти на два нови факултети, на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура. Формиравме и нов Универзитет „Мајка Тереза“, кој ќе биде на македонски, албански и на англиски јазик и ќе претставува нов квалитет во високото образование во Македонија. Истовремено планираме Воената академија што ја возобновивме, да прерасне во нов универзитет за национална безбедност во чиишто рамки ќе работат повеќе факултети. Прашањето со засилувањето на квалитетот на високото образование, како и минималните стандарди во делот на научни трудови на наставниот кадар, остана тема на која треба да се обрне повеќе вниманиево 2016 година – рече премиерот Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


