| четврток, 6 декември 2018 |

Во 2015 година остварена рекордно ниска стапка на невработеност, од 25,5 отсто

nevraboteni

– Ние сме најсилни во делот на економијата и сакам да ве уверам дека најголем фокус и во иднина ќе имаме на економијата и обезбедување подобар живот на граѓаните. Досега како резултат на заеднички труд, Светската банка на новообјавената ранг-листа објави дека Македонија е 12. држава во светот и шеста држава во Европа, во однос на добрите услови за водење бизнис. Кога дојдовме во владата, бевме рангирани дури на 94. место во светот – рече премиерот Никола Груевски во своето новогодишно обраќање до граѓаните.

Тој ги нагласи подобрените услови за водење бизнис, кои ја олесниле работата во привлекувањето странски инвестиции.

-Но, ние во 2015 година силно се осврнавме и на домашните фирми, преку многу преземени мерки, а една од нив вреди посебно да се спомне, тоа е проектот „Македонија вработува“, со кој на сите фирми во Македонија, им се дадоа исклучителни финасиски поволности за да вработувааат нови работници – рече Груевски.

Тој ја нагласи и рекордно ниската стапка на невработеност.

– Особено задоволство ми претставува фактот дека во 2015 година оствариме нова рекордно ниска стапка на невработеност, која заклучно со септември е 25,5 отсто. Никогаш не била пониска. Да потсетам, таа беше околу 38 отсто во 2006 година, од кога континуирно секој квартал се намалува. Имаме уште работа на овој план, но можеме комотно да кажеме дека сме на добар пат. Во 2006 година, при доаѓањето во владата, бројот на лица што имале работа беше 560 илјади луѓе, сега, тој број е повеќе од 710 илјади луѓе што работат. Со нашата економска политика и посветеност, сме успеале да овозможиме отворање на нови повеќе од 150 илјади работни места, а тоа се 150 илјади нови плати за граѓаните што порано не работеле, а сега работат. Државниот долг на земјата не се зголеми, туку и се намали од 39 на 36 отсто од БДП, и сме четврта земја во Европа со најниска задолженост , според ЕУРОСТАТ. Позитивниот тренд во економијата, особено на полето на инвестициите, ќе продолжи и во 2016 година, за кога е проектиран пораст од 4 отсто од БДП, и натамошно намалување на невработеноста – додаде Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top