Ова пореметување најчесто настанува поради лоша циркулација на крвта која може да биде предизвикана и од сериозно заболување. Освен терапијата која ја пропишува медицината, од помош може да бидат и лековитите билки…
Рузмарин
Во народната медицина рузмаринот најчесто се користи во вид на напиток и облози. Виното од оваа билка е одлично средство за забрзување на протокот во крвта, а се подготвува на следниот начин: шака листови од рузмарин прелијте ги со чаша домашно вино, мешавината сипете ја во стаклено шише и оставете да отстои една недела. Секојдневно протресувајте го шишето.
Осмиот ден процедете ја смесата и пијте по една ракијска чашка дневно пред појадокот и ручекот. Чајот од рузмарин може да се пие или да се припрема како облог. Најдобро е облозите да се стават половина час пред спиење.
Ѓумбир
Ѓумбирот ја подобрува циркулацијата и спречува создавање засирена крв. Оваа билка е делотворно средство за намалување на холестеролот и триглецеридите во крвта, а освен тоа ги ублажува рематските боли, го загрева организмот, ги отстранува грчевите во мускулите и ја стимулира функцијата на црниотдроб.
Чајот се прави така што две кафени лажички свеж или лажичка сушен ѓумбир ќе се прелие со шолја зовриена вода, ќе се промеша и ќе се остави малку да се излади. Се пие како топол напиток, два пати дневно.
Ајдучка трева
Оваа билка ја подобрува циркулацијата и има антитромбоцидно дејство. Свежиот екстракт од ајдучка трева е одлично средство против проширени вени, венки застој и притисок во главата проследен со болки.
Во случај на лоша циркулација се зема тинктура која се прави по стар народен рецепт: во литар домашна препеченица ставете 100 грама цветови и листови од ајдучка трева. Оставете да отстои осум дена, со секојдневно проматување. Процедете во чисто шише и пијте три пати дневно пред јадење по една лажичка.
Лук
Освен што го снижува нивото на холестеролот во крвта и високиот притисок, лукот го запира создавањето на тромбовите и го спречува развојот на атеросклероза, ги шири крвните садови и го загрева оргазнимот. Зготвен со кисе зеленчук, како што е доматот, ослободува ахоин кој делува против тромбоза…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.