-За сега не сме во рецесија, но може и тоа да ни се случи. Тој ризик постои, доколку до пролет не биде забележан економски раст, изјавил денеска рускиот министер за економија.
Русија до есен може да влезе во рецесија, поради што Владата ќе биде принудена да спроведе мерки за стимулирање на економскиот раст, додава рускиот министер за економија Андреј Белусов.
Министерството ги намали предвидувањата за овогодинешниот економски раст на 2,4 отсто, што претставува најлоша ситуација за Русија од 2009-та година кога економијата во оваа земја забележа остар пад поради глобалната финансиска криза.
Министерот наведува дека ќе предложи мерки за стимулирање на економијата и дека за тоа ќе разговара со Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.