Прочитајте како сексот позитивно влијае врз вашето здравје – за овој лек самите ја бирате дозата, а не ви е потребен ниту рецепт.
Лек за грип
Сексот го подобрува имунолошкиот систем и така му помага на организмот да се избори со настинката, вирусите, грипот… Значи, добро испотете се.
Го намалува стресот
Студиите покажале дека припадниците на двата пола подобро ги поднесуваат стресните ситуации ако претходната ноќ уживале под чаршафите. Задоволството кое го овозможуваат допирите на партнерот, бакнежите и самиот сексуален однос, го намалуваат нивото на хормонот на стрес, а го зголемуваат хормонот на среќа.
Го зголемува либидото
Колку повеќе уживате во сексот, толку почесто ќе сакате да го практикувате. Бурниот сексуален живот ја зголемува сексуалната желба, велат научниците. „Честите сексуални односи ќе направат сексот да биде се подобар, а тоа ќе го зголеми либидото”, вели гинекологот Лорен Штрајхер.
Лек против болки
Следниот пат кога партнерката ќе ви рече дека ја боли главата, кажете и’ дека сексот е одличен лек за тоа. Истражувањата покажале дека оргазмот двојно ја намалува чувствителноста на болка, вклучувајќи и блка во грбот, мигрена… Со сексот се зголемува нивото на ендорфин во телото, кој практично е лек против болки, а притоа не морате да чекате долго за лекот да делува.
Подмладува
Заборавете на ботоксот и слични работи за подмладување! Истражувањето спроведено на Универзитетот во Единбург покажало дека паровите кои имаат сексуални односи најмалку четири пати неделно, изгледаат и до десет години помладо! Сексот го зголемува нивото на адреналин, допамин, норепинефрин, па поради тоа едноставно ќе блескате!
Го штити срцето
Луѓето кои уживаат во сексот најмалку два пати неделно, се изложени на 45 отсто помал ризик од болести на срцето. Редовниот секс го регулира крвниот притисок, го намалува ризикот од срцеви или мозочни удари.
Помага за слабеење
Малку „акција” е одличен начин да се забавувате и да согорувате калории! Истражување на Универзитетот во Монтреал покажало дека за време на сексот во траење од 24 минути, мажите трошат 104 калории, а жените 67. На пример, шест минути, односно секс на брзина, согорува само 20 калории, затоа не ја прескокнувајте предиграта!
Го подобрува сонот
Францускиот совет за медицински истражувања, после спроведени студии, тврди дека сексот е подобар од „броење овци” за да заспиете. Нивното истражување покажало дека за време на сексот во телото се ослободува серотонин, кој помага во одржувањето на нормален циклус на спиење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.