Ќерката на Аркан и Цеца Анастасија Ражнатовиќ често споделува фотографии со нејзиниот татко од раното детство, а од коментарите кои ги пишува до фотографиите е јасно дека татко и многу и недостасува.
Неодамна изјави дека не се сеќава на татко и како и дека нејзината мајка Цеца често и зборува за нивната љубов (повеќе за тоа прочитајте тука).
Но вистински хаос се случи на интернет кога Анастасија објави цртеж на кој прилично прецизно се предвидува како таа и Жељко би изгледале доколку тој беше жив.
-Еве како јас и мојот татко би изгледале доколку мојот мил татко беше жив. Те сакам тато каде и да си – напишала Анастасија до фотографијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.