Во Градскиот парк кај Школка денеска ќе се одржи женска трка под мотото „Превенцијата од заболувањата почнете ја со вежбање“.
Трката има ревијален карактер, а ја организира Сојузот на спортови на Скопје како дел од промотивните трки на Скопски маратон 2013. Предвидено е да трае 10–15 минути. Котизацијата е 50 денари при што секоја учесничка добива стартен број.
Патеката долга 1.000 метри (еден круг во паркот), ќе биде означена и обележена со конуси и ленти. По должината ќе има волонтери.
Пред почетокот на трката ќе се одржат аеробик вежби, за загревање, со инструктори – аниматори, а по завршувањето, со лотарија, ќе бидат доделени наградите од спонзорите.
Трките од овој карактер постојот насекаде низ светот со иста цел, да ја подигнат свеста на жените дека никогаш не е доцна да почнат со активност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.