Сексапилниот докторот Шепард е повторно вљубен, а неговата нова избраничка е толку неодолива што Бред Пит и Анџелина Џоли би можеле сериозно да се загрижат за титулата на најатрактивна холивудска двојка.
Доктор Дерек Шепард, или Патрик Демпси, како што се вика во реалниот живот, од неодамна е во врска со колешката Џенифер Гарнер.
Извор за американскиот таблоид „ОК“ наведува дека првиот чекор го направила Џенифер, која го поканила Патрик на кафе. Имајќи предвид дека се пријатели со години, поканата за кафе не била изненадување. Сепак, како што тврдат изворите блиски до новопечената холивудска двојка, искрите веднаш се појавиле помеѓу двајцата актери.
Списанието „ОК“ наведува и дека Патрик набрзо ја поканил Џенифер на втор состанок, а дека вечерата на која отишле заедно „траела цел викенд“.
Џенифер и Патрик имаат по еден брак зад себе. Ѕвездата на серијата „Вовед во анатомија“ во јануари годинава се разведе од сопругата Џилијан по повеќе од 15 години брак во текот на кој добиле три деца. И Џенифер неодамна му стави крај на десетгодишниот брак со колегата Бен Афлек. За разводот на еден од најпопуларните холивудски двојки пишуваа меидумите ширум светот, а како причини се спомнувани проблемите на Бен со алкохолот, но и аферата што наводно ја имал со дадијарката на нивните три деца.
Дали наводите на странските медиуми се точни, ќе покаже времето, но она што е сигурно е дека Џенифер и Патрик се многу убава двојка. Во тоа сме имале можност да се увериме во 2009 година во филмот „Денот на вљубените“. Филмските критичари овој филм многу добро го оцениле, а она што го истакнале во прв план е „силната хемија што постои помеѓу двајцата главни актери“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.