| четврток, 6 декември 2018 |

Билетите за киноспектаклот „Повратник“ се во продажба

Новиот филм на режисерот Алехандо Гонзалез Инариту, „Повратник“ пристигнува на репертоарот на домашните кина на 21 јануари, 2016 година, а од вчера билетите можат да се купат на касата на киното „Синаплекс“. http://www.cineplexx.mk/movie/the-revenant/

Искучително амбициониот проект во кој главните улоги ги толкуваат Леонардо ди Каприо и Том Харди, е сниман во зафрлените предели на Канада и на Аргентина. Инариту и директорот на фотографија Емануел Лубецки, добитникот на престижната награда „Оскар“ за негоата работа на филмовите „Гравитација“ и „Човекот-птица“, инсистирале во текот на снимањето да се користи само природната светлина. Снимале во екстремни услови во попладневните часови, вообичаено помеѓу 17.30 и 19.30 часот.

Многумина предвидуваат дека покрај тоа што филмот „Повратник“ ќе остане запамтен како остварување со неверојатна визуелна убавина, би можел да биде и филмот кој на Ди Каприо, конечно, ќе му го донесе првиот „Оскар“. Меѓу останатите до сега добил четири номинации за наградата „Златен глобус“, вклучувајќи и номинација за најдобар филм, најдобра режија и најдобар актер. Критичарите го нарекуваат спектаклот на годината, кој не смее да се пропушти во кината.

Снимајќи го овој филм четириесетгодишниот актер поминал девет месеци во постојана хипотермија во суровиот студ на северните канадски и јужните аргентински предели. Ди Каприо снимил околу четириесетина сцени, кои, веројатно, се најтешките што некогаш ги направил за својата кариера. За да влезе во ликот на американскиот ловец Хју Глас морал да направи некои нешта кои никогаш до сега не ги правел: спиел во утробата на мртви животни, јадел суров џигер и се капел во замрзнати реки.

„Повратник“ е возбудливо филмско ремек-дело кое ја раскажува епската авантура на преживување на еден маж и исклучителната моќ на силата на човековиот дух. Ловецот Хју Глас (Леонардо ди Каприо) кој тешко го повредиле неговите сопатници предводени од Џон Фицџералд (Том Харди) и го оставиле да умре длабоко во неистражената американска дивина. Воден од силната волја, како единствено оружје, опкружен од суровата зима и непријателските племиња, Глас ќе се бори за својот живот, додека пак неговата желба за одмазда нема да стивне.

Борбата со мечката и опстанокот во тешко достапните предели на Северна Америка се прикажани во величествени слики, а токму заради тоа овој филм мора да се погледне на големото платно од 21 јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top