| четврток, 6 декември 2018 |

УНХЦР: Повеќе од милион мигранти пристигнале во Европа преку море во 2015

Повеќе од милион бегалци пристигнале во Европа преку море од почетокот на 2015 година, соопшти УНХЦР. Повеќе од 80 отсто пристигнале во Грција и тоа најголем дел на островот Лезбос. Околу 844 илјади допатувале во Грција од соседна Турција.

deca-begalci-kos-640x396

Над 150 илјади пристигнале од Либија преку Средоземното Море во Италија.

Станува збор за најлошата мигрантска криза во Европа од Втората светска војна.

– Во очајничките обиди да стигнат во Европа, голем број мигранти и бегалци се одлучуваат за премин со небезбедни бродови и чамци – наведува УНХЦР.

Во соопштението се додава дека голем број од оние кои се обидуваат да дојдат бегаат од војни, насилство и прогон од својата татковина.

Околу 49 отсто од оние кои го минуваат Медитеранот се од Сирија, а 21 процент се од Авганистан. Бројот на загинатите или исчезнатите на море достигна 3.735.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top