| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од милион емигранти пристигнале во Европа преку море во 2015 година

мигра

Повеќе од милион бегалци пристигнале во Европа преку море од почетокот на 2015 година, соопшти денеска УНХЦР.

Повеќе од 80 отсто од нив пристигнале во Грција и тоа најголем дел на островот Лезбос. Околу 844 илјади допатувале во Грција од соседна Турција. Преку 150 илјади пристигнале од Либија преку Средоземното Море во Италија.

Станува збор за најлошата мигрантска криза во Европа од Втората светска војна. Во очајничките обиди да стигнат во Европа, голем број мигранти и бегалци се одлучуваат за премин со небезбедни бродови и чамци, наведе УНХЦР. Во соопштението се додава дека голем број од оние шро се обидуваат да дојдат бегаат од војни, насилство и прогон од својата татковина. Околу 49 отсто од оние што го минуваат Медитеранот се од Сирија, а 21 процент се од Авганистан. Бројот на загинатите или исчезнатите на море достигна 3.735.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top