Американскиот претендент за републикански претседателски кандидат на изборите во 2016 година, Доналд Трамп, најави дека има намера да троши по најмалку два милиона долари неделно за предизборни телевизиски реклами.
– Ќе трошам минимум по два милиона долари неделно или можеби и повеќе – изјави Трамп, кој досега не трошеше пари за рекламни спотови.
Рекламните спотови ќе бидат за Ајова, Њу Хемпшир и за Јужна Каролина.
– Ќе потрошам многу пари против оние што ќе ме напаѓаат- навести Трамп.
Анкетите покажуваат дека во овој момент Трамп има најголема поддршка за кандидат на Републиканската партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.