Поранешниот гувернер на американската сојузна држава Њујорк, Џорџ Патаки, планира да се повлече од трката за републиканската номинација за кандидат за претседател на САД на изборите во 2016 година, објави „Бостон глоуб“.
Според весникот, Патаки ваквите свои планови ги обелоденил на средба со група негови приврзаници, пишува МИА.
Изборниот штаб на Патаки соопшти дека во текот на денов тој ќе излезе со официјална изјава, без да ја прецизира нејзината содржана.
Според анкетите на јавното мислење објавени во текот на декември, Патаки ужива околу еден отсто доверба на републиканските гласачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.