| четврток, 6 декември 2018 |

Незадоволен од секс-играчката, извадил пиштол на продавачот

Во главниот град на Минесота, Сент Пол, маж влегол во продавница за секс-играчки за да ја врати пумпата за зголемување на пенисот која оттаму ја купил. Купувачот тврдел дека таа не дејствува според начинот на кој му е ветено во рекламата.

Тој сакал да го врати уредот, но продавачот одбил, бидејќи веќе била користена. Тогаш незадоволниот клиент извадил пиштол против работникот на продавницата.

Откако му се заканил на продавачот со оружје и не го добил она што го сака, избегал, но ветил дека ќе се врати.

Медиумите објавиле информации кои потсетуваат дека пумпата за зголемување на пенисот има само привремен ефект и не придонесува за промена на постојаната должина на пенисот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top