| четврток, 6 декември 2018 |

Кои јадења треба да ги има на новогодишната трпеза?

За среќа, здравје и благосостојба овие јадења ќе мора да ги имате на новогодишната трпеза. Раскошната гозба нема за цел само да ве нахрани туку секое јадење треба да биде внимателно одбрано, бидејќи со себе носи одредена симболика на среќа, напредок и благосостојба. Покрај веќе традиционалната руска салата, свинското печено месо, салатата од зелка и тортата, на трпезата свое место би требало да најдат и рибата и грозјето.

Овие се продуктите коишто би требало да се најдат на новогодишната трпеза.

Грозје

Грозјето е симбол на здравјето и силата, па се препорачува да го изедете по полноќ – точно 12 зрна грозје, за секој месец по едно, за во претстојната година, секој месец, да бидете здрави.

Риба
За новогодишната ноќ се уште трае постот, рибата би требало да се најде на вашата трпеза. Таа го симболизира непреченото движење, движењето без препреки, па ви наговестува лесна година во која сите работни потфати ќе „пливаат“.

Свинско месо
Свинското месо е симбол на изобилство и богатство.

Салата од зелка
Поради својата зелена боја зелката ја симболизира хармонијата на природата и добрата среќа, а исто така и на долговечноста.

Торта
Поради самата своја структура која содржи многу шеќер, тортата е симбол на сласта. Потрудете се тортата да биде од што побогати состојки за да во претстојната нова година имате што повеќе сласт.

Пилешко месо
Она што никако не се препорачува на новогодишната трпеза е месото од пердувести животни, бидејќи тие имаат крилја и ја симболизираат среќата која напушта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top