| четврток, 6 декември 2018 |

Во 2015 година убиени се 67 новинари

репортери

Во текот на 2015 година при вршењето на нивната работни беа убиени вкупно 67 новинари, соопшти организацијата Репортери без граници. За споредба, во 2014 година, според податоците на организацијата, биле убиени 66 новинари.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, според годишниот биланс на Репортери без граници, покрај 67­те новинари, убиени се уште 27 блогери и седум соработници на медиумите. Притоа оваа невладина организација бара „итно назначување“ на специјален претставник на генералниот секретар на ОН за медиуми.

Најмногу новинари биле убивани во Ирак и Сирија, а на трето место е Франција, пред се поради масакарот на редакцијата на „Шарли Ебдо“ на 7 јануари 2015, по кој следуваат Јемен, Јужен Судан, Индија, Мексико и Филипините.

Репортери без граници во 2015 година избориле убиства на по девет новинари во Ирак и во Сирија и на осум во Франција, кои беа меѓу 12 жртви на на нападот во „Шрало Ебдо“. До 2014 година две третини од убиените новинари во светот ги губеа животите во воени зони, додека годинава поради масакрот во Франција, две третини од загинатите медиумски работници се во зони каде не се води војна, потенцираат Репортери без граници.

Организацијата ги пребројува и сомнитените случаи на загинати новинари во текот на 2015 година, со што нивниот број достигна 110. ­ Оваа загрижувачка ситуација се должи на намерното насилство против новинарите и сведочи за неуспехот на иницијативите во полза на нивната заштита, се вели во извештајот.

Во текот на 2015 година имало 54 новинари заложници, наспроти 40­ те во 2014 година, иако во текот на оваа година имало многу помалку киднапирања. Изминативе десет години во светот се убиени најмалку 787 новинари. Претходно, денеска свој извештај за новинарските жртви објави и Комитетот за заштита на новинарита, според кој годинава во светот се убиени 69 новинари, од кои 28 од страна на исламистички групи, како Ал Каеда и Исламска држава. Според Комитетот, лани биле убиени 61 новинари. Комитетот наведува дека најмногу убиени новинари оваа година има во Сирија ­ 13, а по неа следува Франција со деветмина, пред Ирак, Бразил, Бангладеш, Јужен Судан и Јемен, каде имало по најмалку петмина жртви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top