По многубројните калории, шеќери и јагленохидрати кои се конзумираат за време на новогодишните и Божикните празници сите се чувстуваат незадоволно и имаат грижа на совест колку храна изеле.
Еве четири начини и трикови со кои може да се исчисти телото по обилната храната.
1. Заменете ги сите пијалоци со вода
Чистење на комплетниот систем на човекот може да се напави за една недела. За почеток, кафето, алкохолот и зашеќерените пијалоци заменете ги со вода. Потрудете се да испиете два литри вода секој ден. Водата помага во решавање на натриумот од телото и поради тоа ќе се чувстувате по задоволно и повеќе сито по оброците.
2. Исчистете го црниот дроб
Во црниот дроб се филтрира алкохолот, кој секако многу се конзумира за време на празниците. Но, исто така служи и како филтер за сите други токсини кои влегуваат во телото. Затоа зелениот чај е одличен начин да се одмори и обнови црниот дроб и да се зголеми процесот на детоксикација.
3. Зголемете ја дозата на витамин Ц
Витамин Ц е антиоксиданс кој го штити нашето тело од слободни радикали и токсини, совршен е за подготовка на нашето тело за пост-празнична детоксикација. Или пак ако не сакате да пиете додатоци, јадете повеќе овошје.
4. Јадете здраво
Наполнете го фрижидерот со здрави намирници како овошје, зеленчук и чисти протеини. Ако немате „лоша“ храна крај себе, нема ни да ја јадете. Зеленчук како брокули или артичоки се одличен избор при детоксикација на телото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст