| четврток, 6 декември 2018 |

„Вечниот Бог“ – божикна честитка од Тамара, Елена, Стефан и Димитар (видео)

На иницијатива на игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј, од страна на нашиот композитор Владимир Димовски, голем пријател на манастирот и соработник во музичките проекти, беше направена оркестрација на традиционалната божикна песна „Вечниот Бог“, со што овој карактеристичен напев за првпат кај нас беше приспособен за инструментална изведба.

tamara

Притоа, вешто доловувајќи го нејзиниот богат источновизантиски православен мелос, нашите естрадни уметници Тамара, Елена, Стефан („Некст тајм“) и Димитар, во соработка со Македонската филхармонија, направија една прекрасна компзиција, своевидна Божикна честитка до благоверниот народ, за која беше изготвен и видеозапис.

За подготовката на спотот се погрижи „Горила филмс“, чија екипа од срце и со голем ентузијазам во текот на само два дена направи еден чудесен приказ на празничната божикна атмосфера во свештената Бигорска Обител, како извонредно надополнување на пораката за љубов и духовна радост што извира од стиховите.

Дел од костимите беше изработен од долгогодишната соработничка на Бигорскиот манастир и верна пријателка, Елена Пандева, од модната куќа „Елена Лука“. Голема благодарност и до нашите виртуози, изведувачи на традиционални инструменти, Константин Секолуски – ут, и Хустреф Саид –канон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top