Деведесет илјади домови во аргентинскиот главен град Буенос Аирес останаа без елекрична енергија откако се преоптовари мрежата за пренос на енергија заради големите горештини.
Во тој град и околината температурите се над 33 степени Целзиусови, а потребите за електрична енергија за еден ден достигнаа 23.727 мегавати. Таа цифра е речиси иста како и на 20 јануари лани кога дневната потреба беше 24.034 мегавати.
Метеоролози најавија високи температури и во следните неколку дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.