| четврток, 6 декември 2018 |

Иран испрати 11тони осиромашен ураниум во Русија

iranska-nuklearna-elektrana-ap-main.jpg_0_0Испорачан е сиот ирански нуклеарен материјал обогатен на 20 проценти, кој веќе не бил како оној што се користи како гориво за реакторот во Техеран.

Брод со над 11 тони ниско обогатен ураниум исплови денеска од Иран кон Русија, што претставува голем чекор на официјален Техеран кон исполнување на преземениот договор за нуклеарната програма,  изјави денеска американскиот државен секретар Џон Кери.

-Среќен сум што може да кажам дека се забележуваат важни знаци за значаен напредок во исполнувањето на обврските на Иран согласно нуклеарниот договор, да не поседува над 300 килограми ниско обогатен ураниум-додаде Кери.

Иран и шест светски сили постигнаа договор во јули за нуклеарната програма на Техеран, со кој се предвиде укинување на санкциите во замена за ограничена нуклеарна програма на земјата. На Иран му е дозволено да извезе нуклеарен материјал како осиромашениот ураниум, а одмрзнати се и дел од замрзнатите пари во странските банки. Во следните осум години, пак, забранет е увоз на ракети, како и развој на ракети способни да носат нуклеарно оружје.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top