Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади денеска вети дека во новата 2016 година ќе ја ослободи цела земја од Исламска држава.
– Ако 2015 беше година на ослободување, 2016 ќе биде година на голема победа и крај на присуството на Даеш во Ирак и во Месапотамија. Ирачките сили сега ќе го ослободат Мосул, што ќе биде фатален удар за Даеш, изјави Абади во телевизиското обраќање.
Абади не прецизира дали следната борба ќе биде во Мосул или ирачките сили прво ќе се обидат да заземат други градови и места.
Ирачкиот премиер им честиташе на ирачките безбедносни сили на денешното освојување на Рамади, кој беше под контрола на ИД од мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.