| четврток, 6 декември 2018 |

Укината забраната за продажба на алкохол

alkoholСобранието во Белград одлучи денеска да ја укинe забраната за продажба на алкохолни пијалаци, пиво и пиротехнички средства од 22 часот до шест часот наутро. Заменичката на градскиот секретар за економија Маја Бајагиќ нагласи дека забраната за продажба на алкохол не ги дала очекуваните резултати.

Според нејзините зборови, Унијата на работодавачи во Србија дала податоци дека во Белград прометот се намалил за 30 проценти, а вработеноста за 9,9 отсто, како последица од воведувањето на забраната.

Според истражувањата на Стопанската комора во Белград, забраната имала за ефект да се укинат 300 работни места, односно работата ја изгубила „третата смена“, потенцира Бајагиќ образложувајќи ја одлуката.

Критикувајќи ја измената на одлуката, одборникот на Демократската партија (ДС), Зоран Алимпиќ истакна дека забраната била непопуларна и контроверзна мерка, која предизвика незадоволство кај младите луѓе, но дека постојат сериозни причини поради кои била воведена.

– Вакви мерки редовно се применуваат во големите европски градови, изјави Алимпиќ и додаде дека во огромна количина бил намален бројот на лица на кои им е дадена помош поради алкохол во ноќните часови.

– Јасно ми е дека ова е популарна мерка, но мислам дека овде е клучниот интерес на државата е да заработи со продажба на алкохол, бидејќи профитот на државата со продажба на алкохолни пијалоци е голем, образложи Алимпиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top