Сириската војска со поддршка на руската авијација ја презеде контролата над стратешки важен објект – браната на реката Еуфрат, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека во офанзивата на сириската војска, со поддршка на руската авијација, се ослободени околу 20 населби.
Според податоците на руското министерство, одреди на сириската војска веќе неколку дена напредуваат кон Исламската држава – градот Рака. Руската авијација погодила 556 објекти на ИД за време на 164 напади во последните три дена, изјави денеска началникот на главната управа на Генералштабот на руската војска, Сергеј Рудској.
Сириските владини сили со поддршка на руската авијација ослободија две населби и заземаа тактички важна висорамнина во провинцијата Алеп за време на последните неколку дена, изјави за новинарите Рудској. Според него во провинцјата Алеп постои проширена зона на безбедност околу аердромот Квајрес.
– Во последните неколку дена се ослободени две населби северно од аеродромот, како и тактички важна високорамнина, нагласи Рудској.
Сириската војска, со поддршка на руската авијација, успеа да воспостави контрола на делот на границата кон Турција и провинцијата Латакија и зазема три важни висорамнини во оваа провинција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.