| четврток, 6 декември 2018 |

Укинат притворот на Верушевски?

verusevski_zoranКривичниот совет на Основен суд Скопје 1-Скопје донесе решение со кое му се укинува притворот на разузнавачот Зоран Верушевски. Верушевски, за кого се очекуваше дека ќе му биде изречена алтернативна мерка куќен притвор, по цели 11 месеци минати во затворот „Шутка” е на слобода.

Пред неколку дена Специјалното обвинителство, кое го презеде случајот „Пуч“, предложи Верушевски да биде ослободен со кауција и да му биде определена мерка – домашен притвор, како и да му биде одземен пасошот.

„Утрински весник“ од свои извори пренесува дека одлуката за ослободување на Верушевски била донесена уште минатиот петок, но поради погрешно запишан број на неговата патна исправа, притворот бил укинат денеска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top