| четврток, 6 декември 2018 |

Италија го ограничено возењето на автомобили

italy-pollution-car-banВо повеќе градови во Италија воведено е ограничување на движењето на автомобилите поради невообичаеното големо загадување на воздухот.

Во Милано и во Павија, северна Италија забрането е возење на автомобили до среда во периодот од 10 до 16 часот.

Во Рим, третпат од почетокот на месецот се забранува возење на автомобили од седум часот и 30 минути до 12:30 и од 16:30 до 20:30 часот за автомобили со непарен број денеска, а утре со парен број. Слична мерка е воведена и во северниот град Бергамо.

Во јужниот град Неапол само возилата што ги исполнуваат стандардите од Евро 4 и повеќе можат да се возат оваа недела.

Во поголем број од овие градови воведен е и целодневен билет од 1,50 евра за да ги поттикнат граѓаните да го користат јавниот превоз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top