Реплики на 15 метри високата Триумфална порта на Храмот на Бел во Сирија ќе бидат изградени на плоштадот Трафалгар и на Тајмс Сквер, како „гест на отпор“.
Изградбата на репликата на портата на Храмот на Бел беше предложена од Институтот за дигитална Археологија и Институтот за заштита на светското културно наследство, пишува британскиот весник „Гардијан“.
Реплкики на античкиот споменик во Палмира што ги преживеа обидите на ИД за разурнување ќе никнат во Лондон и во Њујорк.
Петнаесет метри високата порта беше еден од малкуте останати делови од Храмот на Бел кој е стар околу 2.000 години. Овој споменик во целост беше разурнат од џихадистите на ИД, кои во последната година го разурнаа храмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст