| четврток, 6 декември 2018 |

Се одржа првиот деловен менторски настан во Скопје за студенти

Успешно е завршен првиот циклус менторства во деловниот симулатор кој е проект на Едукативниот и развоен центар на „Сивус“ во соработка со програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската Агенција за развој и соработка (СДЦ) имплементирана од „Свисконтакт“ во партнерство со ПРЕДА Плус.

Дваесет студенти од академијата за програмирање работеа на деловни проекти од тековната оператива на две компании, кои во улога на ментори го надгледуваа и го насочува процесот. Тимовите ги искусија временските притисоци, тимските и индивидуалните задачи, критичните поенти од професионалното секојдневие и, секако, позитивниот одговор за успешните продукти и апликации.

dc6077b4-6023-4de8-aa1b-5a3d8e318525

По настанот ќе следуваат процеси поврзани со потенцијално вработување на студентите или поттикнување за основање на сопствени компании.

Во деловниот симулатор, како што е предвидено од 2016 година, ќе се лоцира нова група студенти кои ќе работат на нов циклус симулации преку нови реални проекти од менторски компании.

Моделот за професионално оспособување на студентите уште во раната професионална развојна фаза преку деловни симулации неодамна е познат во светски рамки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top